Дома Трансфер зона Интер и Баерн во битка за француски напаѓач

Интер и Баерн во битка за француски напаѓач

Интер и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за францускиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Мехенгладбах, Маркус Турам.

Турам беше мета на Интер уште пред две години и беше блиску до трансфер во Милано, но се повреди и трансферот пропадна во последен момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а „нероаѕурите“ внимателно ја следат неговата ситуација.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам истакна дека сака да се пресели во клуб кој редовно игра во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, Интер ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи за Французинот интерес покажува и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…