Интер е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа кај Тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната.
Најсилен интерес покажува Интер, кој бара нов напаѓач како замена за повредениот Арнаутовиќ.
„Нероаѕурите“ се во напредни преговори со агентот и ако не успеат да го доведат во јануари, Марсијал ќе пристигне како слободен агент во јуни.