Дома Фудбал Италија Интер денес го претстави Врсаљко и погодувате на кое прашање мораше да одговори

Интер денес го претстави Врсаљко и погодувате на кое прашање мораше да одговори

vrsaljko

Тимот на Интер денес го претстави засилувањето за новата сезона хрватскиот фудбалер, Шиме Врсаљко.

Врсаљко денес беше претставен пред медиумите, а прашањата кои ги доби Хрватот можеби и беа очекувани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, новинарите не ја пропуштија прилика да го прашаат Врсаљко дали знае нешто повеќе за потенцијалниот трансфер на неговиот сонародник Модриќ во Интер.

Сепак, Врсаљко не даде конкретен одговор.

„Лука е мој пријател и јас ги почитувам неговите одлуки. Не разговараме со него за приватните планови. Самиот ќе донесе одлука и не би сакал сега јас да зборувам во негово име“, изјави Врсаљко.

Ќе потсетиме, доколку Интер навистина се обидува да го ангажира Модриќ има само уште рок од два дена пред трансфер периодот во Италија да биде затворен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…