Дома Трансфер зона Интер го сака „дијамантот“ на Динамо Загреб

Интер го сака „дијамантот“ на Динамо Загреб

Милански Интер би можел да ја зголеми хрватската колонија во тимот бидејќи италијанските медиуми пренесуваат дека е заинтересиран за „бисерот“ на Динамо Загреб, Иван Шуњиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 22-годишен играч за врска кој ова лето пристигна на „Максимир“ од Локомотива Загреб, но веднаш импресионираше со своите настапи.

Шуњиќ привлече своето внимание со брилјантната партија против Фенербахче во Лига Европа, па наскоро би можел да им се придружи на своите сонародници во Милано.

Хрватските медиуми пренесуваат дека Интер е спремен да понуди 5 милиони евра, но неговата цена до јануари може додатно да порасне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…