Дома Трансфер зона Интер го праќа Жоао Марио во Монако

Интер го праќа Жоао Марио во Монако

Монако е во напредни преговори со Интер за португалскиот репрезентативец Жоао Марио, откриваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Португалецот нема повеќе место во тимот, а „нероаѕурите“ за неговата слобода бараат 18 милиони евра.
Тимот од „кнежевството“ не е спремен веднаш да ја плати таа сума и го сака Жоао Марио на едногодишна позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.

Интер веќе подолго време не може да најде купувач за Португалецот, а со оглед на фактот дека тој е „вишок“ во тимот, спремен е да го пушти на позајмица и со тоа за заштеди 3 милиони евра, колку што изнесува неговата годишна плата.

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим одлично го познава својот сонародник и смета дека ќе биде одлично засилување за неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…