Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А за оваа сезона,соопшти раководството на лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Инзаги кој го предводеше Интер до 20-та шампионска титула во историјата, го наследи Лучијано Спалети, кој минатата година беше шампион со Наполи.
„Ова признание можеше да му припадне само на Симоне Инзаги“, изјави првиот човек на италијанската лига, Луиџи Де Сиерво.
Интер го освои и италијанскиот Суперкуп, но беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите и Купот на Италија.