Maкедонскиот и европски шампион, РК Вардар од денес и официјално го носи новото име РК Вардар 1961.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес централниот регистар ја прифати пријавата во која стои дека основата главнина со која Вардар влегува е 25.000 евра.
Со ова може да се каже дека од денес започнува една нова ера во клубот. Како што е познато од претходно Михајло Михајловски ќе биде човекот кој ќе го наследи Самсоненко.
Ќе има и промени во раководството, засега не се знае колку и дали ќе биде променето цело раководство бидејќи сега главна задача е составување на тимот за наредната сезона.
За Стевче Алушевски нема дилеми тој сигурно ќе ја започне новата сезона со Вардар.