Дома Фудбал Останато Иконата на Јувентус го искритикува Роналдо и ја поздрави одлуката на УЕФА

Иконата на Јувентус го искритикува Роналдо и ја поздрави одлуката на УЕФА

Големиот Алесандро Дел Пиеро, иконата на Јувентус и италијанскиот фудбал ја прокоментира одлуката на УЕФА да го прогласи за Модриќ за најдобар во Европа, а зборуваше и за потегот на Роналдо да не се појави на церемонијата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пишувањата на светските медиуми се дека Роналдо во последен момент одлучил да не се појави на церемонијата, односно во моментот кога дознал дека тој нема да биде прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите.

Дел Пиеро смета дека одлуката на УЕФА наградата да ја освои Модриќ била исправна.

„Исправна беше одлуката наградата да му се додели на Лука Модриќ. Доколку Роналдо се појавеше на церемонијата немаше да има никакви контроверзии. Кога постојат контроверзии тогаш значи дека некаде дошло до некаков проблем. Не знам што точно се случило“.

„Знам дека и мене понекогаш ми било криво за некоја награда, но да не се појавиш на церемонијата е сосема друга работа“, изјави легендата на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер по киксот на Сити откри каде ќе се решава шампионот во Премиер лигата

Манчестер Сити загуби важни бодови против Eвертон и му го препушти лидерското место на Арс…