Дома Фудбал Италија Икарди од „само“ 60 милиони евра? Можно е!

Икарди од „само“ 60 милиони евра? Можно е!

Ситуацијата околу Мауро Икарди се уште не е целосно јасна.

Мауро Икарди се врати во тимот на Интер, Лучијано Спалети попушти под притисокот, но и понатаму договор за продолжување на соработката со клубот нема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И пред да му биде одземена капитенската лента Икарди се поврзуваше со заминување од Интер, но тогаш за многу поголема сума отколку сега. Се пишуваше за 100-150 милиони евра, а сега Интер би можел да го продаде за многу помалку.

На Икарди поради одолговлекувањето со потпишувањето на договорот му беше одземена капитенската лента и таа беше доделена на голманот Самир Хандановиќ. Икарди се врати меѓутоа напредок во преговорите за новиот договор скоро и да нема никаков.

Поради таквата ситуација шпански „АС“ денес пишува дека Интер ќе биде приморан и ќе прифати да го продаде аргентинскиот напаѓач за сума од 60 милиони евра.

Доколку навистина Интер се одлучи толку да ја намали цената, прв кој ќе реагира веројатно ќе биде Реал Мадрид.

Икарди освен со Реал Мадрид во Италија многу се поврзуваше со трансфер во редовите на најголемиот ривал на Интер, Јувентус. Новинарот Танкреди Палмери пред нешто повеќе од еден месец тврдеше дури и дека Аргентинецот е во ваква ситуација затоа што постигнал договор со „старата дама“.

Секако, во Интер кога веќе би го продавале Икарди би сакале тоа да биде надвор од Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…