Дома Останати Тенис Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога, Шпанецот Рафаел Надал, оваа недела ќе игра во својата татковина на Мастерсот во Мадрид, иако се уште не е спремен за највисоко нвио.

“Мојата цел за оваа недела е да бидам на теренот и да уживам што е можно повеќе. Сакам да го завршам турнирот здрав. Уживам во фактот што имам можност да се натпреварувам уште еднаш. Тука сум. Си давам шанса и се надевам дека работите ќе се подобрат, не губам надеж во спортот, рече Надал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, големо прашање е дали Надал ќе го видиме на Ролан Гарос, Грен слем турнирот кој го има освоено 14 пати. Неговата последна изјава на оваа тема не е оптимистичка.

„Ако стигнам во Париз како што се чувствувам денес, нема да играм. Ќе играм на Ролан Гарос ако се чувствувам конкурентен. Ако можам да играм, ќе играм. Ако не можам да играм, не можам да играм. Тоа нема да биде крај на светот или крај на мојата кариера, сепак имам цели и по Ролан Гарос, тука се и Олимписките игри“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…