Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос минатото лето се пресели во Арсенал на позајмица, но сакаше уште во јануари да го напушти „Емирати“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
23-годишниот шпански плејмејкер побара од мадридскиот тим да го раскине договорот за закуп со „топџиите“ пред крајот на сезоната и да му овозможи да пронајде нов клуб во јануари.
До трансфер не дојде, па Себаљос остана во Арсенал до крајот на сезоната, но јасно е дека на лето повторно ќе ја пормени средината.
За него повеќе нема место во Реал Мадрид, а според последните информации кариерата би можел да ја продолжи во Серија А.
Имено, Јувентус покажува силен интерес за шпанскиот плејмејкер бидејќи Сари верува дека одлично ќе се вклупи во неговата формација.
„Бјаконерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, а Реал е спремен да го пушти Себаљос во Торино на позајмица со задолжителен откуп следната година.