Од Италија сега пристигнуваат изненадувачки информации дека Масимилијано Алегри би можел да се врати во редовите на Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алегри во финишот од сезоната во Серија А доби отказ од Јувентус на две кола пред крајот, а сега се појавила опција да се врати во таборот на „росонерите“.
Милан неодамна ја потврди разделбата со Пиоли и како фаворит за негов наследник важеше Пауоло Фонсека, меѓутоа сега се шпекулира дека може да има пресврт.
Пред два дена Алегри се договори со Јувентус за раскинување на договорот и веднаш го известил раководството на Милан дека е отворен за соработка.
Информациите се дека Милан ја разгледува таа можност. Претходно Алегри го водеше Милан четири години од 2010 до 2014 година.