Селекторот на шпанската репрезентација утре ќе го објави поширокиот список на репрезентативци на „црвената фурија“ за претстојниот Мундијал во Катар, а на него ќе биде поранешниот капитен Серхио Рамос, пренесуваат медиумите во Шпанија.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На списокот од 55 имиња, кој ќе се намали на 26 на девет дена пред почетокот на Светското првенство на 20 ноември, ќе се најде и искусниот стопер на Пари Сен Жермен, кој е надвор од националниот тим од март минатата година.




Рамос беше дел од репрезентацијата во 2010 година, кога Шпанците ја освоија единствената титула светски шампион во Јужна Африка, а со него во составот „црвената фурија“ двапати ја покори Европа во 2008 и 2012 година.




Искусниот Рамос одигра 180 натпревари за репрезентацијата, изгледаше дека 36-годишниот да го има кажано последниот збор во репрезентацијата, но селекторот Енрике одлучи да го врати во тимот, меѓутоа останува да се види дали ќе се најде на списокот патници на Мундијалот.