Дома Фудбал Изненадување: Балак се враќа во Челзи… како директор

Изненадување: Балак се враќа во Челзи… како директор

Поранешниот играч на Челзи и германски репрезентативец, Михаел Балак е еден од кандидатите за нов спортски директор на клубот од „Стенфорд Бриџ“, пренесуваат англиските медиуми.

„Сините“ се во потрага на човек за таа функција откако Михаел Еманело во ноември го напушти клубот и се пресели во Монако.

Другите двајца кандидати за директорското место се Жулиан Белети и спортскиот директор на Лил, Луис Кампос.

Меѓутоа, медиумите на Островот тврдат дека Балак е фаворит за директорското место. Германецот ги бранеше боите на Челзи цели 5 години како фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР ги потврди голот на Шкендија и доцниот пенал за Брегалница

Судиската анализа не најде грешка во двете клучни одлуки на дуелот во Штип. Проверени беа …