Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути ги коментираше случувањата во клубот, а последната изјава привлече најголемо внимание.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според Гути Реал Мадрид не треба да му го продолжи договорот на Модриќ затоа што немало потреба од него.




„Се сомневам дека Модриќ ќе остане. Тој нема да има посериозна улога во следната сезона и нема да му биде потребен на Реал. Не знам што е со Белингам и дали ќе дојде друг играч за врска, но Модриќ многу брзо ќе мора да замине“, изјави Гути.




Кога е Бензема во прашање, Гути смета дека францускиот напаѓач договорот треба да го продолжи.