Интер на гости кај Ливерпул ќе патува со два гола негатива. Ливерпул во последните 20-тина минути со два гола го реши натпреварот и забележа победа од 0:2.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак и покрај поразот тренерот на Интер, Симоне Инзаги изрази задоволство.




„Среќен сум и горд на мојот Интер, го одигравме најдобриот натпревар оваа сезона. Жалам за резултатот затоа што не заслуживме ваков пораз. Сепак, овој настап треба да влијае на нашата самодоверба. Игравме против една од најдобрите екипи во овој момент“, изјави Инзаги.