Дома Трансфер зона Игуаин се врати во Јувентус, но нема долго да остане – ова е цената за која може да замине

Игуаин се врати во Јувентус, но нема долго да остане – ова е цената за која може да замине

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин се врати во Јувентус откако му истече позајмицата во Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Игуаин го напушти Јувентус минатото лето кога премина во Милан на позајмица, но после само шест месеци се пресели во Челзи.

„Сините“ го доведоа на позајмица до крајот на сезоната и изгледаше дека ќе го откупат неговиот договор. Но, тоа не се случи Аргентинецот се врати во Јувентус, но како што стојат работите нема долго да се задржи.

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари се обидел да ги убеди луѓето во Јувентус да се откажат од продажбата на Аргентинецот, меѓутоа не успеал. Јувентус донел конечна одлука
Игуаин да биде ставен на трансфер листата и одредиле цена за него.

Игуаин може да замине ако некој клуб за него плати 30 милиони евра. Овој 31 годишен напаѓач најмногу се поврзуваше со Рома каде што би требало да пристигне како замена за Един Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…