Дома Фудбал Англија Играше за Арсенал, а сега е уапсен поради дрога во вредност од 600.000 евра

Играше за Арсенал, а сега е уапсен поради дрога во вредност од 600.000 евра

Некогашниот фудбалер на Арсенал Џеј Емануел Томас бил уапсен поради сомнежи дека учествувал во криминал со дрога.

Според информациите тој организирал криумчарење на дрога во вредност од 600.000 фунти.

Во кариерата Емануел-Томас беше дел од повеќе клубови, a во Арсенал помина три години (2008-2011).

Денес има 33 години и се уште е активен на фудбалските терени и од неодамна потпиша за Гринок Мортон. Неговото апсење го потврдија и од полицијата.

„Ќе продолжиме со акциите за гранична контрола за да ги откриеме сите кои се вклучени во криумчарење“, објави полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Седлоски: Презадоволен сум од сите, утре веруваме во голема поддршка!

Македонија утре ја очекува натпреварот со Швајцарија во првото коло од Лигата на нации, а …