Mладиот играч на Барселона, Мориба беше исфрлен од првиот тим на каталонскиот гигант откако одби да потпише нов договор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мориба побара повеќе пари да потпише договор, меѓутоа Каталонците се во криза и не можеа да ги исполнат барањата, затоа беше прекомандуван во Б тимот.
Сега медиумите пренесуваат дека се појавиле заинтересирани клубови за неговите услуги. Наводно во игра бил и Реал Мадрид, меѓутоа во прв план се Манчестер Сити и Челзи. Англиските клубови се спремни на Мориба да му дадат плата од шест милиони евра по сезона.
Во минатата сезона во Ла Лига Мориба одигра 14 натпревари, постигна еден гол и подели три асистенции.