Играчите на Барселона сакаат Кике Сетиен да го напушти клубот и веќе го избраа неговиот наследник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Сетиен многу се очекуваше кога доби прилика да го превземе гигантот од Каталонија, но само шест месеци подоцна се наоѓа на излезни врати и изгледа дека само прашање на време е кога ќе добие отказ.
Раководството најверојатно ќе му дозволи да ја доигра сезоната и да се обиде да ја освои Лигата на шампиони, но веќе размислува за нов тренер.
Според „Мундо Депортиво“ играчите лобираат за кандидатурата на Патрик Клајверт за нов тренер. 44-годишниот Холанѓанец е директор на академијата на Барселона.
Клајверт нема големо тренерско искуство, но беше помошник во АЗ Алкмар, холандската и камерунската репрезентација. Претходно ги водеше младинците на Ајакс и Твенте.
Papers: Barcelona squad want Patrick Kluivert to replace Quique Setien https://t.co/nTzA8C7TYD
— Barça Blaugranes (@BlaugranesBarca) July 19, 2020