Дома Фудбал Останато Играч на годината во Франција: Триото од ПСЖ и „натрапник“ од Марсеј

Играч на годината во Франција: Триото од ПСЖ и „натрапник“ од Марсеј

Четвторица фудбалери се номинирани за играч на годината во француското првенство кое очекувано Пари Сен Жермен го освои без конкуренција.

Тројца од четврорицата номирани доаѓаат од редовите на „светците“. Претпоставувате станува збор за триото, Нејмар, Кавани и Мбапе. Единствен кој не доаѓа од редовите на шампионот е Тован од Марсеј.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Нејмар во својата дебитантска сезона во Франција стигна до учинок од 19 голови и 13 асистенции и има голема шанса да стигне до наградата иако подолго време е надвор од терените поради повреда.

Едисон Кавани има фантастична сезона и тој во овој момент е најдобар стрелец во лигата со постигнати 25 голови и шест асистенции.

Тован со Марсеј се обидува да се избори за пласман во Лигата на шампионите и доколку тоа на Марсеј му успее тој ќе биде најзаслужниот бидејќи постигна 19 погодоци и 10 пати асистираше.

Мабпе е еден од најталентираните играчи, можеби и најталентиран. Тоа што го покажа минатата и оваа сезона е неверојатно, многумина му предвидуваат блескава иднина и борба за
„Златната топка“. Во оваа шампионска сезона на ПСЖ свој удел даде со 13 голови и 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гатузо пред нов ангажман во тренерската кариера

Поранешниот италијански фудбалер и денес тренер, Џенаро Гатузо е пред нов ангажман во трен…