Дома Фудбал Играч како Меси се раѓа еднаш на 50 години!

Играч како Меси се раѓа еднаш на 50 години!

Челзи синоќа доживеа тежок пораз од Барселона и беше елиминиран од Лигата на шампионите, а тренерот на „сините“ изјави дека разликата ја направил Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Меси е фудбалер кој се раѓа еднаш на 50 години. Тој е најдобар во светот и на направи разликата. Меси може да го реши секој натпревар, против секој тим. Меси започна со Барселона и сум убеден дека ќе ја заврши кариерата во овој тим“, изјави Антонио Конте.

„Треба да им честитам моите фудбалери за нивната посветеност и да кажам дека сум горд со нивното однесување. Но Меси ја направи разликата и треба да му ја оддадеме заслужената почит. Тој е супер, супериграч. Зборуваме за неверојатен талент, најдобар во светот“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо! Роналдињо повторно на теренот во 46. година, ќе игра во Италија!

Додека Светското првенство се одржува во САД, Мексико и Канада, пристигнува неочакувана ве…