Вардар денес донесе големо засилување, а станува збор за Иван Николов, доскорешниот капитен на репрезентацијата на Македонија до 19 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Николов беше дел од сите младински селекции на Македонија и може да игра на сите позиции во средниот ред, па сигурно ќе биде големо засилување за „црвено-црните“.
Играчот за врска беше дел од Академија Пандев, во Вардар дојде како слободен играч, а потекнува од школата на ФК Брегалница.
Вардар ова лето донесе неколку нови фудбалери, а целта е јасна, враќање во Првата македонска лига.
Фото: ФК Вардар