Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ одржал мотивационен говор пред натпреварот против Верона

Ибрахимовиќ одржал мотивационен говор пред натпреварот против Верона

Фудбалерите на Милан вчера вечер и гостуваа на Верона и со победа од 3:1 продолжија да чекорат кон освојување на нова титулата. „Росонерите“ на две кола се лидери на табелата со два бода повеќе од Интер.

Тренерот на екипата Стефано Пиоли откри дека најискусниот играч во тимот Златан Ибрахимовиќ одржал мотивационен говор пред овој важен натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Знаевме дека утре не постои, само денешниот ден. Ибрахимовиќ одржа фантастичен говор пред почетокот на натпреварот. Зборуваше дека сите ги паметат играчите на Милан кои го освоиле Скудетото или Лигата на шампионите и дека ако некој сака да остане запаметен има уште само три натпревари“, изјави Пиоли.

Милан во следното коло ќе ја пречека Аталанта, а во последното ќе гостува кај Сасуоло додека Интер ќе игра против Каљари на гости и на „Џузепе Меаца“ во последното коло ќе ја пречека Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…