Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Моите инвестиции ги добива само мојата сопруга (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ: Моите инвестиции ги добива само мојата сопруга (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ повторно е брилијантен во американските медиуми.

Од пристигнувањето во МЛС, Ибрахимовиќ е во центарот на вниманието, а пред неколку месеци даде интересна изјава.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да не сум оженет, би го ширел своето семе во Америка и така би помогнал во развојот на фудбалот во САД“, истакна тогаш Ибрахимовиќ.

Пред неколку дена во една емисија го прашаа како неговата жена реагирала на оваа изјава, а одговорот на Ибра воодушеви.

„Сопругата ме праша дали се шегувам, но и реков дека сум сериозен. Сепак, ништо од банката за сперма на Златан. Единствено мојата сопруга ги прима моите „инвестиции“. Имам двајца нинџи дома и тие ми се доволни, се обидувам да ги одгледам како нинџи“, додаде Ибра.

Со ова ги насмеа сите, но без дилема и нему и тоа како му годи популарноста која ја има во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус и Белингам се расправаа во натпреварот против Баерн: Што сакаш? Замолчи!

За време на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите на Алијанц Арена, гостинските фу…