Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе се врати во Манчестер Јунајтед. Мурињо ќе му понуди нов договор на зима, се разбира, доколку биде физички подготвен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Јасно дека сакаме да остане со нас, сака да игра на највисоко ниво и тоа е најважно. Тоа што го направи за нас не е доволно. Но, сега треба да го оставиме да се опорави. Ништо не е итно, ниту пак го поттикнувам, но зборуваме за неговото враќање“, изјави Мурињо.
Договорот за Златан практично би претставувал и крај на кариерата во Јунајтед, кога би се збогувал, би добил место во стручниот штаб на Мурињо.
Мурињо верува дека некој како Ибрахимовиќ би бил пример, но и инспирација за младите играчи и дека од него можат да научат многу повеќе.