Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ го предупреди Халанд да внимава на Гвардиола

Ибрахимовиќ го предупреди Халанд да внимава на Гвардиола

Не е некоја тајна дека Пеп Гвардиола не е омилен кај Златан Ибрахимовиќ.

Нетрпеливоста помеѓу Ибра и Пеп започна кога тој беше во Барселона, а Гвардиола не му дозволи да ја има улогата на лидер во тимот. Тогаш предност доби Меси, историјата покажа дека шпанскиот стратег не погреши, но си отвори „војна“ со Швеѓанецот.

“Може ли Гвардиола да го направи уште подобар? Се зависи од тоа колку е големо егото на Пеп – дали ќе дозволи Халанд да биде “поголем” од него или не? Мене не ми дозволи, а не им дозволи ниту на другите играчи“, искоментира Ибрахимовиќ.

“Навистина ми се допаѓа Халанд како играч. Мислам дека е многу интелигентен – не прави работи за кои не е способен. Тој не доаѓа во центарот за да ја прими топката, тој само стои пред голот и погодува. Потсетува на Инзаги, Давид Трезеге, Виери…Нивниот стил на игра беше таков“, смета Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…