Дома Трансфер зона Ибра: Јас во Наполи? Се е можно…

Ибра: Јас во Наполи? Се е можно…

Медиумите изминативе денови пишуваа дека Златан Ибрахимовиќ би можел да се пресели во ЛА Галакси. Наводно Америка е привлечна дестинација за напаѓачот, но проблем е неговата висока плата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ моментално заработува 14 милиони евра по сезона, а неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната.

Иако Мурињо во неколку наврати истакна дека Златан ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, сепак неговата иднина сеуште е неизвесна.

Сега во целата приказна се вклучи и Наполи. Италијанскиот клуб ќе направи се за да го донесе Ибра на „Сан Паоло“ бидејќи верува дека со него конечно ќе може да го освои Скудетото.

„Јас во Наполи? Се е можно, никогаш не се знае. Среќен сум во Јунајтед, но ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната“, изјави Ибрахимовиќ за „Скај Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…