Златан Ибрахимовиќ во свој стил го прокоментира евентуалниот трансфер во Милан во зимскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми веќе неколку дена пишуваат за интересот на Милан, кој сака да го донесе Ибрахимовиќ во јануари на шестмесечна позајмица.
Поради тоа и самиот Ибрахимовиќ се огласи на таа тема.
„Гласини секогаш има, но тоа е сосема нормално бидејќи мене ме сака целиот свет. Сите знаат дека Италија е мојот втор дом, а Милан е еден од најголемите клубови во светот“, изјави Ибра.
Швеѓанецот играше на „Сан Сиро“ од 2010 до 2012 година и во 61 натпревар постигна 42 гола. Со Ибра во своите редови, Милан ја освои својата последна титула во Италија во 2011 година.
Во оваа сезона, 37-годишниот напаѓач има 24 натпревари за ЛА Галакси на кои постигна 20 гола.