Дома Фудбал Италија Ибра: Манџукиќ не зборува ништо, само работи

Ибра: Манџукиќ не зборува ништо, само работи

Милан пред неколку дена го комплетираше трансферот на Манџукиќ, а Хрватот вчера и официјално дебитираше против Аталанта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дека Манџукиќ има специфичен карактер потврди и Ибра, кој откри дека Хрватот не комуницира многу со останатите.

„Манџукиќ не зборува многу. Јас му посакав добредојде на хрватски јазик. Тренерот го праша дали сака да се обрати пред тимот, тој рече „не“. Не зборува многу, само работи. Тоа е во ред, многу е сконцетриран на работата и тренира вредно“, изјави Ибрахимовиќ.

„Есенски шампиони сме, но тоа не значи ништо. Потврливме против Аталанта, ни недостасуваа неколку важни фудбалери, но не сакам да барам оправдувања. Веднаш треба да се вратиме на победите“, заклучи Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луда понуда: Арсенал на Винисиус му ја нуди најголемата плата во клупската историја!

Дали Винисиус Жуниор, еден од најдобрите фудбалери на светот, ќе го напушти Реал Мадрид? О…