ЛА Галакси минатиот викенд беше понижен на гостувањето кај Сиетл со 5:0, а тимот од Лос Анџелес на овој меч играше без Златан Ибрахимовиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ибра одби да истрча на теренот на „Центар Линк Филд“ во Сиетл и да му помогне на својот тим, а сега е познато зошто донел таква одлука.
Имено, Ибрахимовиќ не сакал да игра на вештачка трева на теренот во Сиетл.
„Не може да се игра овде. Единствено што треба да правиш е да внимаваш да не се повредиш, тука не смее да се игра фудбал. Срамота е да се игра овде. Не е предвидено да се игра фудбал на ваква подлога“, изјави Ибра.
Инаку Ибра ги прескокна сите натпревари во МЛС кои се играат на вештачка трева, одигра само 10 минути во Портланд и истакна дека тоа му е најлошо искуство во животот.