Како што стојат работите македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе си замине од Трабзонспор по само шест месеци.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Последните информации од турските медиуми беа дека Трабзон веќе го известил Барди дека може да си бара нов клуб.




Претходно се пишуваше дека два клуба од Шпанија и два од Италија од кои се откриваше само името на Торино сакале да го доведат во своите редови (тука). Сега пристигнува дополнување, по потписот на Барди ќе тргне и француска Ница.




Турските медиуми пренесуваат дека засега не пристигнала официјална понуда од ниту еден клуб и се е само интерес, па допрва ќе треба да се влегува во преговори и да се види кој клуб е најсериозен да го доведе.




Барди во Трабзонспор пристигна минатото лето за сума од три милиони евра по испаѓањето на Леванте во втората шпанска лига.



