Дома Фудбал Лига на шампиони И тоа е можно: Нема да игра во финалето, а ќе добие медал!

И тоа е можно: Нема да игра во финалето, а ќе добие медал!

Филипе Кутињо во јануари за 160 милиони евра го напушти Ливерпул и се пресели во Барселона, но „црвените“ не ја заборавија така лесно својата поранешна ѕвезда.

Имено, Бразилецот секако ќе добие медал после утрешното финале во Лига на шампиони, само прашање е дали ќе биде златен или сребрен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кутињо веќе играше за Ливерпил оваа сезона во Лига на шампиони, па на „Енфилд“ сметаат дека е во ред и нему да му се додели медал, бидејќи имаше свој допринос во групната фаза.

Инаку, победникот во ЛШ добива од УЕФА 40 медали да ги подели за фудбалерите и стручниот штаб, а поразениот тим добива 30 сребрени медали.

Каков медал ќе добие Кутињо ќе видиме утре по завршувањето на финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ал Итихад потврди: Бензема поради една причина мораше да се врати во Мадрид

Познатиот француски фудбалер Карим Бензема итно се врати во Мадрид за да се лекува од повр…