Дома Македонски спорт И селекторот Милевски притиска за трансфер на Муслиу!

И селекторот Милевски притиска за трансфер на Муслиу!

Еден од најважните во македонската фудбалска репрезентација, Висар Муслиу ова лето би можел да го промени клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Муслиу е дел од Инглоштад кој во последната одиграна сезона испадна од втората германска лига во третата. Очекувањата се Муслиу да го напушти овој клуб до крајот на сезоната, а последен кој покажа интерес за него е тимот на Сент Паули кој е второлигаш во Германија.

Договорот на Муслиу е до 2024 година и клубот сака да го задржи, меѓутоа за трансфер според германски „Билд“ притисикал и македонскиот селектор Благоја Милевски. Разбирливо Милевски сака Муслиу да игра во посилна лига од третата германска.

Останува да видиме до крајот на преодниот рок во кој правец ќе се развива ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…