Дома Фудбал И седми фудбалер на Реал Мадрид позитивен на коронавирус

И седми фудбалер на Реал Мадрид позитивен на коронавирус

Вирусот се прошири за краток период во соблекувалната на Реал Мадрид. Откако минатата недела беа заразени шест фудбалери, сега се појави и седми случај.

Досега во изолација се Модриќ, Бејл, Асенсио, Родриго, Марсело и Лунин, а им се приклучи и Иско, па тренерот Карло Анчелоти се наоѓа во сериозни проблеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од списокот на фудбалери само Модриќ е незаменлив во стартниот состав, додека останатите се резервисти или делат минутажа во ротација како Асенсио и Родриго. Ќе потсетиме, Хрватот доби негативен тест, но се уште не може да му помогне на тимот.

Дополнителна лоша вест за Анчелоти е тоа што Касемиро е суспендиран, а Карвахал е повреден, па ниту тие нема да може да настапат на натпреварот против Атлетик Билбао, кој е закажан за среда од 21.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…