Дома Фудбал И кога го нема никаде пишува историја – Роналдо го сруши рекордот на Икер Касиљас!

И кога го нема никаде пишува историја – Роналдо го сруши рекордот на Икер Касиљас!

Натпреварот против Баерн не беше натпревар на Кристиано Роналдо, но Португалецот и кога ќе одигра под своето ниво пишува историја.

Со победата на германскиот гигант Роналдо стана фудбалерот кој најмногу победувал во Лигата на шампионите!

За Португалецот ова беше 96 победа и така го надмина Икер Касиљас кој се наоѓа на втората позиција. Потоа следува Чави со 91 победа, Андрес Иниеста со 79, колку и што има и Раул Гонзалес.

Интересно за Роналдо натпреварот против Баерн беше првиот од Лигата на шампионите на кој не постигнал погодок.

Не само што не постигна гол Роналдо не упати ниту удар во рамките од голот! Такво нешто не му се случило на последните 16 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн на испит во Мадрид, Барселона против перфектната Астон Вила

Четвртото коло во Лигата на шампионите носи девет натпревари, со Атлетико – Баерн и Барсел…