Дома Фудбал Останато И 90% посед на топка и 21 шут на гол може да не се доволни за победа

И 90% посед на топка и 21 шут на гол може да не се доволни за победа

Навистина неверојатен резултат оствари фудбалската репрезентација на Косово до 17 години во квалификациите за Европското првенство против Холандија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Косово успеа да извлече еден бод (1:1), но неверојатно е како стигнаа до него со оглед на шансите кои ги создадоа младите фудбалери на Холандија.

Поведе Холандија во 10-тата минута преку Мјилан Хименез. Изгледаше дека лесно ќе ја наполнат мрежата на Косово, но тоа не се случи.

Холандија имаше посед на топка од 90% и 21 шут на гол и тоа не беше доволно за нивни триумф поради голот кој на бизарен начин го прими нивниот голман во 69-тата минута.

Селекторот на Холандија, Миша Висер разбирливо беше разочаран.

„Промашивме се. Паркираа дупли автобус и тоа со деца од 16 години. Едноставно не ни беше денот денес“, изјави Висер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …