Дома Топ вести Зидан ја брка големата ѕвезда од Реал: Продајте го!

Зидан ја брка големата ѕвезда од Реал: Продајте го!

Зинедин Зидан донесе одлука – не го сака повеќе Хамес Родригез во својот тим и му порачал на раководството да го продадат Колумбиецот веднаш по завршување на сезоната.

„El Chiringuito“, медиум познат по ексклуизвните вести за „кралскиот“ клуб јавува дека Зидан веќе нашол замена за Хамес. Прва желба е ѕвездата на Челзи Еден Азар за кого Реал Мадрид е спремен да плати 100 милиони евра или да им понуди на „сините“ пари плус Хамес Родригез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хамес пристигна во Реал после Светското првенство за 80 милиони евра, одигра една одлична сезона, но во последено време негивата форма е во пад. Кај Зидан Колумбиецит падна во втор план и често е на клупата за резерви.

Поради тоа и самиот е спремен да ја промени средината и да замине во клуб каде ќе има поголема минутажа. Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Манчестер Јунајтед.

Неодамна весникот „АС“ спроведе анкета меѓу фановите „Дали терба Хамес да го напушти Реал“, па дури 71% се изјаснија позитивно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…