Дома Фудбал Останато Зидан: Сакам да бидам селектор, би работел само во два-три клуба

Зидан: Сакам да бидам селектор, би работел само во два-три клуба

Зинедин Зидан е слободен после заминувањето од клупата на Реал Мадрид, а сега потврди дека негова желба е да седне на кормилото на француската репрезентација.

„Секако дека сакам да бидам селектор. Се надевам, еден ден, а кога ќе биде тоа не знам. Не зависи само од мене, но сакам да го комплетирам целиот круг со француската репрезентација. Освоив се како играч. Кога велам дека сакам да ја преземам Франција, стојам зад тоа. Во моментов тимот е на место, со свои цели. Но, ако шансата се отвори ќе бидам таму“, изјави Зидан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французинот не ја исклучува можноста еден ден да седне на кормилото на Пари Сент Жермен.

„Никогаш не вели никогаш. Особено кога сте тренер. Кога бев играч, имав избор – можев да одам во речиси секој клуб. Но нема список од 50 екипи во кои би можел да работам како тренер. Има две или три опции. Ако дојдам во некој клуб, тоа е само заради победи. Ова го кажувам со сета скромност. Затоа не можам да одам секаде. На пример, во Англија би имал проблем со јазикот“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …