Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан даде позитивен тест на Ковид 19 на последното тестирање на целиот тим, потврдија од клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Повеќе информации не се откриваат, но ова значи дека 48-годишниот стратег нема да го води Реал на утрешното гостување кај Алавес во раките од 20то коло од Примера.
Зидан во моментов е во изолација и ќе остане се додека не даде негативен тест, но најверојатно нема да биде на клупата и за следниот меч против Леванте.
Зидан во последно време е во центарот на вниманието после серијата на лоши резултати, поразот во Суперкупот и срамната елиминација од Купот, па се шпекулира за тренерска смена во Реал Мадрид.
Official Announcement: Zidane#RealMadrid
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) January 22, 2021