Дома Трансфер зона Зидан повеќе не смета на него – Милан тргнува во акција!

Зидан повеќе не смета на него – Милан тргнува во акција!

По завршувањето на сезоната ќе има големи промени во тимот на Реал Мадрид, а шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан повеќе не смета на услугите на хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зидан наводно ја загубил довербата во Хрватот и дал зелено светло за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“ на крајот на сезоната.

Ковачиќ оваа сезона во Примера одигра само 90 минути, што е доказ дека за него нема место во првиот тим, па и самиот е спремен да ја промени средината.

Хрватот не сака да ја грее клупата и да го пропушти Светското првенство, а таквата ситуација е спремен да ја искористи Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Росонерите“ се во потрага по квалитетен играч за врска, а Ковачиќ наводно е спремен да се врати во Италија.

Покрај Милан, силен интерес за хравсткиот репрезентативец покажува и премирлигашот Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…