Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан ги отвори картите: Еве од кого се плаши и кого истовремено посакува во Реал

Зидан ги отвори картите: Еве од кого се плаши и кого истовремено посакува во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна денес дека фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн е „комплетен играч“ во пресрет на мечот помеѓу двете екипи во ЛШ.

Фудбалерите на Реал Мадрид утре од 20:45 играат на свој терен против Тотенхем, во натпревар од третото коло од Групата Х во ЛШ. Обете екипи имаат по шест бодови со иста гол разлика од 6:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По две кола Кејн е најдобар стрелец во најелитното европско натпреварување со пет постигнати погодоци.

„Тој е клучен играч за Тотенхем, многу е добар во секој аспект, но најдобро од се е што секогаш мисли како да постигне погодок. Тој е комплетен играч, иако тоа не изгледа така, но секогаш се појавува таму кадешто е потребно“, истакна Зидан, пренесуваат британските медиуми.

Медиумите во изминатите недели шпекулираа дека Реал е заинтересиран токму за него.

„Не знам што ќе се случи во иднина“, истакна Зидан.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…