Дома Фудбал Зидан во големи проблеми: Мистериозна повреда на Модриќ

Зидан во големи проблеми: Мистериозна повреда на Модриќ

Лука Модриќ не се појави на денешниот тренинг на Реал Мадрид, а шпанските медиуми пренесуваат дека Хрватот се повредил на вчерашниот тренинг, а денес бил на детални лекарски прегледи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За сега не познато од каква природа е неговата повреда, но сигурно Модриќ нема да може да настапи на заостанатиот натпревар против Леганес во Примера, кој на програмата е утре.

Зидан го одмараше Модриќ минатото коло на гостувањето против Бетис, а Хрватот требаше да биде во почетниот состав против Леганес.

На две недели пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ, Реал Мадрид стравува дали ќе може да смета на еден од своите најдобри фудбалери.

„Имам доверба во нашиот медицински тим. Се надевам дека Лука многу брзо ќе тренира со остатокот од екипата”, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија во голем проблем пред Иран: Една од најголемите ѕвезди дефинитивно отпадна

Репрезентацијата на Белгија доживеа голем удар пред натпреварот од второто коло на Светско…