Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажа дека не е среќен околу ситуацијата со Герет Бејл и Хамес Родригез.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Двајцата не играат веќе извесно време поради повреда, но и покрај тоа добија повик од своите национални селекции.
„Бејл и Хамес повеќе не се со повреди, но утре нема да играат против Еибар. Тие така одлучија, не јас. Се уште не се чувствуваат спремни“, изјави Зидан.
„Не е сигурно дека двајцата ќе играат за националните тимови. Има 6 дена до натпреварите, ќе видиме што ќе се случи“, додаде францускиот стратег.
Бејл ги изнервира фановите со честите патувања додека се регабилитираше од повредата. Хамес пак беше во родната Колумбија каде присуствуваше на раѓањето на своето дете.