Дома Фудбал Останато Зидан: Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција

Зидан: Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција

Легендарниот Зинедин Зидан синоќа му ја додели „Златната топка“ на својот сонародник Карим Безнема.

Зидан истакна дека според него Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција и дека жали што не играле заедно.

„Секој има свој омилен играч. Некои ќе кажат дека тоа е Папен, други ќе го споменат Платини. За мене Карим е најдобриот напаѓач во историјата на Франција“, изјави Зидан.

„За сите овие години се чуствував фантастично во Мадрид со него. Исклучително е чувството да го гледате одблизу што се може да направи со топката. Жалам што не игравме заедно, ќе допринесев да постигне повеќе голови. Но тоа го компензиравме заедно како тренер и играч“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изјава која предизвика бурни реакции: Ќе ми биде чест да ја освојам Златната топка

Фабијан Руиз зад себе остави сезона каква што тешко би можел да повтори во остатокот од св…