Дома Останати Зверев доби максимална казна за дивјачкиот испад

Зверев доби максимална казна за дивјачкиот испад

Александар Зверев ја дозна казната за дивјачкиот испад на турнирот во Акапулко. Германецот, со рекетот удираше по судиското столче и упати низа пцовки кон судијата.

АТП го казни третиот тенисер во светот со максимална казна, односно одземање на парите заработени на турнирот во Акапулко (30.000 долари) со парична казна од 40.000 долари.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Исто така ќе му бидат одземени и бодовите од овој турнир. „Еуроспорт“ информира дека ова е максимална казна која Зверев можел да ја добие од АТП.

По инцидентот што го предизвика на теренот, Зверев лично му се извинил на судијата, а потоа на социјалните мрежи им се извини на организаторите и навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ова е загрижувачки: Погледнете што му се случуваше на Ѓоковиќ во Женева 🎥

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ беше запрен во полуфиналето на турнирот од серијата 250…