Дома Останати Тенис Зверев го изненади Федерер и стигна до најголемата победа во кариерата!

Зверев го изненади Федерер и стигна до најголемата победа во кариерата!

zverev

Германскиот тенисер Александар Зверерв се пласираше во финалето на Завршниот мастерс во Лондон.

Зверев е првиот Германец од 2003 година кој се пласираше во полуфиналето на овој турнир, а сега отиде и чекор подалеку и го изненади Федерер во борбата за финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Почетокот на мечот донесе добар тенис, неколку атрактивни потези, а во првите девет гемови немаше најава дека ќе видиме тај брејк. Тогаш Зверев при водство од 6:5, на сервис на Федерер стигнува до 40:0 и ја користи првата сет топка.

Федерер во третиот гем од вториот сет направи врејк и поведе со 2:1, но не успеа да го потврди истиот. Германецот веднаш возврати и стигна до 2:2, па до крајот повеќе не дозволи Федерер да го нападне неговиот сервис.

На крајот се дојде до тај-брејк, а младиот Германец успеа да дојде до голема победа, најголема во неговата кариера. Играше добро, но и Швајцарецот грешеше, а во одлучувачките моменти еден зицер испрати во мрежата и тука се беше решено.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…