Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум според изјавата на тренерот Срѓан Захаривски заврши со активностите во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Подготовките течат според планот. Испразнетите места ги пополнивме и сега ни останува да ја воиграме екипата и да одговориме на предизвиците кои не очекуваат во првенството“, изјави Захариевски.
Најголема промена во Струга е заминувањето на еден од најдобрите играчи на овој клуб, Клинсман Цаке кој се пресели во Шкендија, како негова замена беше доведен искусниот Томе Китановски. Покрај Китановски пористигна и Дарко Илиески, а клубот го напушти и Флорент Османи.