Дома Фудбал Останато Затоа е „Специјален“ – Мурињо имал свој „ШПИУН“ во Реал Мадрид!?

Затоа е „Специјален“ – Мурињо имал свој „ШПИУН“ во Реал Мадрид!?

Не е тајна дека Жозе Мурињо сака да го види Герет Бејл во Манчестер Јунајтед.

Сега се појавуваат информации дека Португалецот во текот на летото се обидувал да дознае каква е ситуацијата на Велшанецот во Реал кој не сакаше да го продаде на англискиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Бејл долго време беше на „излезни“ врати од „Бернабеу“, сепак остана да се бори за својата позиција во тимот која му беше загрозена поради фантастичните настапи на Иско.

Од друга страна, целата приказна „будно“ ја следи Жозе Мурињо, а „Diario Goal“ тврди и дека Жозе често пати се слушал со Лука Модриќ преку кој добивал информација за Бејл. Хрватскиот капитен и тренер на Јунајтед, соработуваа во Мадрид во сезоната 2012/2013, а Модриќ пристигна од Тотенхем поради големата желба на „Специјалниот“.

Кога Мурињо заминуваше Модриќ беше еден од ретките кои не му го свртеа грбот. Исто така Модриќ е и добар пријател со Бејл, со што дополнително може да му помогне на Мурињо кој преку својот „шпиун“ би можел да стигне до потписот на Велшанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…