Со денешните натпревари стартува третото коло на Светското првенство, во наредните денови ќе следуваат натпревари во кои селекциите ќе немаат право на грешка ако сакаат пласман во следната фаза.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пласман обезбедено имаат само три селекции – Бразил, Франција и Португалија. Се уште големи репрезентации стравуваат за своето место во осминафиналето.
Во терминот од 16:00 часот во директен дуел за следна фаза ќе решаваат Еквадор и Сенегал, а во истиот термин се очекува Холандија да не си дозволи кикс против Катар кој веќе е „отпишан“.
Од 20:00 часот имаме два и тоа како возбудливи дуели Англија и Велс ќе водат британска битка во Катар, додека Иран и САД ќе решаваат кој ќе оди понатаму. Во оваа група Англија е лидер со четири бода, Иран има три, САД два и Велс еден од.
Слушнете што има да каже „ТЈ“ за овие дуели